Поврзи се со нас

Македонија

Чествување на 2 Август под слоганот „Илинден – Нашата сила за иднината“

Објавено

на

Под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“, годинава, се одбележува 2 Август – Денот на Републиката – Илинден. Во таа чест, делегации на Владата, на Собранието и на претседателот на државата ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености.

Како што информираатод владината прес служба, чествувањето на денот, кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востаниеч прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, ќе започне на 1-ви август во 20:45 часот во Крушево, кога традиционално, во организација на Општина Крушево започнува манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. На Манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, пред нашите граѓани, ќе присуствува и ќе се обрати и претседателот на Владата Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден.

Делегации на Владата учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август – Денот на Републиката – Илинден: „Нашата сила за иднината“.

Одбележувањето на Денот на Републиката и Илинден на 2 Август ќе започне со настаните во Скопје, каде високите делегации ќе ги предводи и ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски.

Во 8:00 часот делегацијата предводена од претседателот Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, на градските гробишта „Бутел“.

Потоа, делегации ќе положат свежо цвеќе на спoменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.

Свечената манифестација ќе продолжи со обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски во вилата на Водно во 9:00 часот.

Владината делегација во Скопје ја предводи вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Дополнително во владината делегација се Христина Оџаклиеска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Башким Хасани, заменик-министер за одбрана и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

Претседателот на државата Пендаровски по повод одбележувањето на Илинден – Денот на Републиката, на 2 Август 2022 година, ќе ја предводи и државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Државната празнична програма, стои во соопштението, продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во организација на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, со почеток во 10:00 часот, ќе биде положено цвеќе, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.

На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ќе ја сочинуваат министерот за здравство Беким Сали, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски предводејќи висока владина делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево.Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Владината делегација ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република, со почеток во 8:30 часот.

Од 10:30 часот, со присуство на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, на владината делегација и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен продолжува церемонијата во чест на националниот празник, по што на Мечкин камен во 11:30 часот, започнува манифестацијата на која свечено ќе се обрати премиерот, Димитар Ковачевски.

Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана празнична културно-уметничка програма.

Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.

-Од 9:00 часот, владината делегација, предводена од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во придружба на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и  заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски ќе оддадат почит на могилата на Даме Груев, споменикот на смилевски Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што следува посета на Меморијалниот музеј, положување цвеќе на споменикот на Даме Груев и во 10:00 часот во спомен паркот „Даме Груев“ започнува традиционалната прослава, најави владината прес-служба.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 3 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 6 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 6 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 24 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена