Поврзи се со нас

Гостивар

Чествување на Божиќ во Гостивар – сите обединети во желбата за здравје

Објавено

на

Големиот христијански празник, Божиќ утрово традиционално се прослави во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар со Света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво.

Гостивар има тридецениска традиција на одбележување на денот на Христовото раѓање, но годинава прославувањето течеше под протоколи, верниците носеа маски, не се задржуваа во храмот долго време и изостана заедничката празнична трпеза, која вообичаено се организираше на крајот од литургијата.

Пред верниците, архиерејскиот намесник на гостиварското намесништво Марјанчо Мадевски го пренесе божиќното послание на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во кое меѓу другото се вели: „Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.“

Владиката г.Јосиф честитајќи го светлиот христијански празник посака здравје и мир за сите. „Христос се роди-Навистина се роди!. Имајте радосен и благодетен празник. Нека е за многу години.“, порача Митрополитот г.Јосиф,.

Верниците кои присуствуваа на литургијата, со молитва за мир и спасение, запалија свеќи и оставаа дарови, а оние кои ги постеле шестнеделните пости се причестија.

Граѓаните со кои поразговаравме, без исклучок рекоа дека најважното што го посакуваат е доброто здравје и да заврши пандемијата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 минути

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 минути

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 минути

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена