Гостивар
Чествување на празникот Балаклија во „Света Петка“ во Гостивар

Православните верници денес го одбележуваат празникот Источен Петок-Балаклија, кој доаѓа во првиот петок по Велигден и е посветен на Мајката божја и нејзините чуда. Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и со него се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.
Во Гостивар традиционално централното чествување на Балаклија се прави во храмот „Света Петка“ кој на овој ден собира голем број верници. Граѓаните се молат, палат свеќи, се поклонуваат пред иконите и оставаат велигденски јајца.
Во црквата утрово, беше отслужена света литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештеници од гостиварското архиерејско намесништво. Верниците се причестија со светите тајни на христијанството, а беше извршен и чин на осветување на водата.
„Во првиот петок по Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, кога сеуште сме во радоста на Светлото Воскресение, поздравувајќи се со најрадосниот поздрав: Христос воскресе! – дојдовме во овој храм посветен на св. Петка овде во Гостивар, свечено да го прославиме празникот Источен петок – Балаклија, да се потсетиме за возобновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Балаклија, кај некогашниот Константинопол, денешен Истанбул. Радосен сум што гледам храм исполнет со верници кои го љубат Бога. Овој храм овде во Гостивар, секогаш на овој ден Источен Петок-Балаклија е посетен од голем број верници, кои со голема вера доаѓате да се помолите на Бога. Вие знаете дека верата му дава смисла на нашиот земен живот. Верата нѐ води во царството небесно и ни го покажува патот кон него. Дојдовме исто така да и одадеме чест на Мајката Христова, Која на светот до ден денес му излева голема милост, изобилна за сите оние што имаат потреба.“, рече меѓу другото владиката г.Јосиф.
На Источен Петок-Балаклија се празнува обновувањето на храмот на Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести.
Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите и ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос