Гостивар
Чествување на Свети Климент во техничкото училиште во Гостивар: Македонија е лулка на словенската писменост и култура!
Средното техничко училиште во Гостивар остана верно на традицијата за достоинствено и величествено одбележување на празникот посветен на Свети Климент Охридски, 8 Декември. Во холот на училиштето претпладневно се организираше свечена манифестација со програма исполнета со реферат за животниот пат и делото на Свети Климент, рецитал со неговите етички поуки за почитувањето на доброто и музичк0-сценски изведби.
„Македонија е лулка на словенската писменост и култура. Општинското техничко училиште традиционално го одбележува овој ден, кој го посветуваме на нашиот словенски учител светител, чудотворец Свети Климент Охридски. Користам прилика да упатам голема благодарност кон нашите ученици кои навистина посветено и со љубов работеа на подготовките за манифестацијата“, рече Верица Ефтоска Илиоска, професорка по македонски јазик, која заедно со професорката Гордана Страшевска, ја подготвија културно-уметничката програма на чествувањето.
Одбележувањето на 8 Декември е значаен момент за училиштето на кое посебно се обрнува внимание, беше речено на настанот:
„Чествуваме големо име од македонската историја, ликот и делото на нашиот сесловенски учител, чудотворец, мислител, верниот ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, основоположник на сесловенската писменост и култура во Македонија и најважно од се‘ нашиот духовен татко. Чествувањето на овој празник за нашето училиште секогаш претставува еден голем предизвик и значаен момент, да му оддадеме посебна почит на големиот учител“.
Пред присутните на манифестаицјата обраќање имаше заменик директорот Марјан Пачавровски.
„Убави се овие денови кои не сплотуваат во едно, никогаш да не се заборави минатото, кое е патоказ за нашата иднина. Свети Климент е прв оригинален словенски писател, просветител и втемелувач на писменоста на македонскиот народ. И не само на македонскиот, туку и на сите словенски народи. Поради него, Македонија претставува симбол на словенската писменост и култура.“, кажа Пачавровски.
Во склоп на програмата настап имаше и културно-уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“, во кое членуваат и ученици од техничкото училиште.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди