Поврзи се со нас

Гостивар

Чествување во Гостивар: 11 Октомври ги постави темелите на нашата слобода и независност

Објавено

на

Пораки за зачувување на мирот и соживотот, почит кон слободарските вредности, како и трасирање на патот за евро-атланска интеграција на Македонија беа испратени денеска од Гостивар на одбележувањето на 11 Октомври, Денот на народното востание. Настанот по повод празникот, традиционално го организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци.

„Овој исклучителен датум од македонската историја го претставува почетокот на заедничкото организирање и масовно вклучување на македонскиот народ во оруженото востание, во името на слободата и правдата, а за конечно создавање на македонската држава. Несомнено, 11-ти Октомври ги постави темелите на нашата слобода и независност“,  рече во поздравното обраќање, претседателот на гостиварската боречка организација, Радислав Ѓиноски.

За историската димензија и значењето на празникот, пригоден реферат прочита професорката по историја Катица Аврамоска.

„Во 1941-вата година, македонскиот народ бележи уште една светла страница во вековните стремежи и идеали за слобода и создавање сопствена држава. На 11 октомври, 1941-вата година, во Македонија повторно се издигна борбеното и слободарско знаме. По цена на големи жртви, низ четиригодишната народноослободителна борба, македонскиот народ успеа да го докрајчи долгогодишното робување и зачекори по патот на слободен развој и сестран напредок.“, истакна Аврамоска..

Во знак на сеќавање кон учесниците во народното востание,  чествувањето на денешниот празник продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци. Букети цвеќе положија делегации од Општинскиот одбор на Сојузот на борци, Општинската организација на Социјал-демократскиот сојуз и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Присутните со едноминутно молчење им одадоа почит на загинатите во борбите за слобода и мир.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 57 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена