Гостивар
Четири години од трагичната несреќа кај Ласкарци-Непребол, неизмерна тага, болни спомени…

Денес се навршуваат четири години од страотната автобуска несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа шеснаесет граѓани на Гостивар и околните места. За Гостивар и за Македонија 13 февруари 2019-та останува како датум на болни спомени, непребол и неизмерна тага.
Четиригодишнината од несреќата денес во 17.30 часот ќе се одбележи со промовирање на Спомен парк во чест на жртвите во малиот градски парк во центарот на градот. Од гостиварската локална самоуправа ги повикаа членовите на семејствата, пријателите на жртвите, преживеаните во трагедијата и сите други граѓаните, да се придружат на настанот.
На 13 февруари 2019-та година, автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16 часот и 15 минути со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.
Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.
За случајот се води судски процес во Кривичниот суд во Скопје, во кој шест лица се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава