Погледнете ги четирите комбинации на храна кои доколку се конзумираат заедно имаат извонредна хранлива вредност.
Банана и путер од кикирики
Едноставно, јаглехидратите кои ги содржи бананата допринесуваат за брз поттик на енергија, а содржат и значајна доза на калиум кој го штити срцето, додека путерот од киткиритки го стабилизира нивото на шеќер во крвта.
Јајца и сирење
Жолчката од јајцето е богата со витамин Д, кој ја поттикнува апсорпцијата на Вашето тело, а пак сирењето е богато со калциум. Резултатот од оваа комбинација е зацврстување на коските, мускулите и придонесува за брзо варење на храната.
Спанаќ и сок од лимон
Комбинацијата од спанаќ и лимон помага во апсорбирањето на железото во крвта. Преку 2 милијарди луѓе од целиот свет имаат дефицит од оваа хранлива материја, а едно истражување открива дека луѓето со ниско железо во крвта имаат двоен ризик од мозочен удар. Зголемениот внес на железо помага во намалувањето на болката во мускулите и брзо опоравување.
Јаболка и црно чоколадо
Истражувањата покажуваат дека секојдневното конзумирање на мали количини црно чоколадо доведува до значајно снижување на крвниот притисок. Комбинирајте го со јаболка и Вашата кардо-васкуларна одбрана ке стане уште посилна, т.е. со оваа комбинација се формираат антиоксидантни електрони кои го спречуваат згрутчувањето на крвните плочки.