Гостивар
Четири лица приведени ноќеска во полошко поради кокаин

Во два одделни случаи, ноќеска на полошкото подрачје биле приведени четири лица, кај кои била пронајдена дрога.
СВР Тетово извести дека околу 4 часот и 25 минути, во тетовско Боговиње било запрено патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишник од селото Добридол, а во кое се наоѓало и 29-годишно лице, исто така жител на ова село. При преглед, извршен од полициските службеници им бил пронајден кокаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
Околу 1 часот и 45 минути, во тетовско Жеровјане биле лишени од слобода двајца тетовци на возраст од 23 и 29 години. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен бил кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар