Останато
Четири нешта што никогаш не се чуваат во паричник

Губењето или кражба на паричник може да значи многу неволји, па за полесно справување со тоа стручњаците советуваат дека некои работи никогаш не се чуваат во паричникот.
Сметки
Брендон Кинг е основач на приватната служба за безбедност на домот, „Хоум секјурити хироус“. Тој вели дека не треба да се чуваат сметките во паричник бидејќи тие може да се користат за извлекување подробности за трансакциите, за банкарски сметки, па дури и за навиките за купување.
„Вештиот измамник може да ги искористи Вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе податоци за сметката“, вели Кинг.
Кредитни картички
Доколку се носи кредитна картичка в паричник, постои поголема опасност „да потрошите повеќе пари“ отколку што е планирано. Ако пак, таа оставне дома, корисникот полесно ќе ја следи потрошувачката, советуваат стручњаците.
Лозинки
Ова е веројатно очигледно и се подразбира за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, ПИН-кодови на картички или за врати во паричникот.
„Не правете го тоа. Не ја запишувајте лозинката ниту на хартија. Чувањето список со лозинки, ПИН-кодови или шифра за клуч во Вашиот паричник е голема опасност за (кражба на) идентитетот, што му олеснува на крадецот во кражбата“, предупредува Кинг.
Клучеви
Иако изгледа прилично погодно да чувате клуч во паричникот, и тоа не е безбедна опција, особено затоа што во паричникот има и документи со Вашата адреса, што полесно води до Вашиот дом.
„Ако ги загубите клучевите, мора да ги смените и бравите на вратите, па трошокот ќе биде многу поголем“, вели Вејн Бехтол, виш даночен сметководител.
Освен тоа, доколку има повеќе картички, готовина и документи, паричникот вообичаено изгледа понадуен, па и „попривлечна мета“ за крадците.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог