Поврзи се со нас

Гостивар

Четириесетина казни за брзо возење вчера на гостиварско подрачје

Објавено

на

Вчера  (14-ти мај) од 16 до 22 часот, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои управуваат возачи со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени и санкционирани 70 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово – 32 и Гостивар – 38).

Три од нив пречекориле за повеќе од 70 километри на час.

При контролата, исто така, санкционирани биле и триесетина возачи кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место.

„На сите возачи прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и зависно од тоа за колку пречекориле ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од  20 до 400 евра во денарска противвредност. За екстремно пребрзите предвидено е и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.“, соопшти полицијата.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им советува на возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако е врнежливо времето. Ова, дотолку повеќе што деновиве во поширокиот Полошки регион присутна е зголемена сообраќајна фрекфенција, не само на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, туку и на околните регионални патишта.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена