fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Четвртото издание на театарскиот фестивал „Отело“ во Гостивар на отворена сцена под антикорона мерки

Објавено

на

Гостивар по четврти пат ќе биде дом на театарската магија. Утревечер, со претставата „Кокошка“ на Бугарскиот театар „Сфумато“, почнува 4-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал Отело.

Поради пандемијата, претставите ќе се играат на отворена сцена во кругот на објектот на „Игнација“, под мерки за заштита од коронавирус.

„Се потрудивме максимално да го организираме фестивалот според протоколите за заштита, со оглед на ковид пандемијата. Претставите ќе се играат на летна сцена, чија подготовка е веќе при крај. На програмата се ставени претстави со помалубројна актерска екипа, по 5 до 6 актери за да се избегнат гужви, да го заштитиме здравјето и на уметниците и на гледачите“, рече Берат Салиу, продуцент на фестивалот.

Влезот е бесплатен, бројот на публиката ограничен, а носењето на маски задолжително.Фестивалот ќе се одвива во пет вечери.

„Отвораме утревечер со претставата „Кокошка“, потоа на 23 септември игра Тетовски театар и тетовски универзитет со „Зоолошка приказна“, на 24 септември Тетатарот „Златен елец“ од Скопје со „Не ми го чепкај пивото“, на 25 септември Градскиот театар Прешево-Србија со „Мистерија“ и на 26 септември театарот од Тирана, Албанија со „Не слуша, не гледам, не зборувам“. Одбравме претежно комедии затоа што сметаме дека во ова време на секој добро би му дошло да се насмее“, рече Хајдар Хајдари, маркетинг менаџер на фестивалот.

Фестивалот ги доделува наградите за: најдобра претстава, режисер, актер и актерка.

Театарскиот фестивал „Отело“ се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Гостивар.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!