Гостивар
Чистење и регулација на коритото на Вардар во Гостивар и санација на мост за помал ризик од поплави

Отпадот, особено градежниот, што неконтролирано се фрла во Вардар на подрачје на Гостивар создава висок ризик од поплави, поради што во наредниот период ќе се изврши чистење на коритото и ќе се преземат други мерки за намалување на ризикот од поплавување. Предвидено е да се интервенира на железничкиот мост во Гостивар во правец на Мало Турчане, Балиндол, Чајле, Форино и Чегране.
Активностите се во склоп на програма за подобрување на отпорноста од поплави во Полог, што ја реализираат Општина Гостивар во соработка со УНДП, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија.
„Проектот предвидува продолжување на регулацијата на коритото на Вардар од Гостивар во населените места. Поделен е во две фази, првата фаза е расчистување на речното корито, бидејќи знаеме дека најголем проблем е градежниот шут, како и комуналниот отпад во самото корито. Втората фаза се градежните работи, односно изведбата на регулацијата во населени места и насипи вон населените места. Има делови на коритото кои се доста оштетени и ќе се прави реставрација на самото корито, а има и делови кои се најкритични кои со фрлање на отпадот се стеснува профилот на Вардар и затоа доаѓа до поплави“, појасни Борче Милановски, градежен инженер од компанијата којашто го изработи проектот за заштита од поплави во Гостивар.
Проектот денес беше презентиран во општината.
Целта на програмата е да промовира промени во управувањето со ризиците од поплави во реката Вардар, забрзувајќи ја транзицијата од едноставен реактивен одговор на поплави кон сеопфатно и систематско управување со ризикот.
Финансиката рамка е 8,6 милиони евра.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?