Спорт
Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Интер не успеа да ја одбрани титулата во Италија, иако добар дел од сезоната беше на првото место во Серија А.
По првиот дел од сезоната се очекуваше „нероаѕурите“ да освојат ново Скудето, но клубот од Џузепе Меаца не ја искористи шансата, а на крајот Милан успеа да го искористи тоа.
Оваа сезона не е целосен крах на Интер, бидејќи успеаа да ги освојат Купот и Суперкупот на Италија, од што секако можат да бидат задоволни на „Џузепе Меаца“.
Но, веќе е јасно дека Интер на лето ќе направи бројни промени во играчкиот кадар. Иако сезоната штотуку заврши, се чини дека веќе се познати имињата на некои фудбалери кои ќе го напуштат клубот.
Фабрицио Романо најави дека Интер летово сигурно ќе го напуштат Алексис Санчез и Артуро Видал на кои Симоне Инзаги им порача дека следната сезона не смета на нив и дека најдобро е среќата да ја побараат во друг клуб.
Покрај двајцата Чилеанци, на лето Интер треба да го напуштат Алекс Кордаз, Јонут Раду, Андреа Ранокија, Александар Коларов, Роберто Гаљардини, Матиас Вечино и Фелипе Каикедо. Под знак прашалник е и иднината на Иван Перишиќ, Кореа, Лаутаро Мартинез и Дензел Дамфрис, што значи дека вкупниот број на потенцијални заминувања од Џузепе Меаца е неверојатни 13.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022