Гостивар
Членството на СОНК Гостивар сака ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК!

Раководството на Регионалниот Синдикат за образование, наука и култура Гостивар, по сумирање на записниците од организациите што се во негова надлежност, соопшти дека членството се изјаснило дека е за стапување во генерален штрајк.
„Од мнозинството собрани записници од синдикалните огранизации на Регионалниот одбор на СОНК Гостивар, сите се за генерален штрајк“, информираше попладнево претседателот на одборот и потпретседател на СОНК, Тафа Амети.
Одлуката за штрајк на СОНК на државно ниво треба да биде соопштена во понеделник.
Како што вчера објави Gostivarpress.mk, членството на Синдикатот е незадоволно и огорчено поради неуспешните преговори со Владата околу нивните барања за усогласување на платите со минималната, која од март изнесува 18.000 денари.
„Според законот, по донесување на одлука за генерален штрајк, се чека 15 дена на евентуални преговори, доколку не дојде до договор, за што секако повторно ќе го прашаме членството, некаде околу 11 април би почнал штрајкот.“, изјави вчера Амети.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022