Поврзи се со нас

Рецепти

Чоколадни распукани колачиња

Објавено

на

Овие колачиња се прават многу брзо и лесно, а уште побрзо исчезнуваат од чинијата.

Иако веќе се доволно ароматични, по желба можете да ги збогатите и со други омилени додатоци.

Потребни состојки:

  • 170 гр темно чоколадо
  • 115 гр путер
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 125 гр шеќер
  • 20 гр какао
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • шеќер во прав

Подготовка:

Во сад измешајте ги сувите состојки: брашно, прашок за пециво, какао, цимет, ѓумбир во прав и малку сол.

Чоколадото и путерот заедно растопете ги на пареа. Оставете да се изладат 10 минути, потоа додадете шеќер и добро измешајте.

Потоа во чоколадната смеса се додава едно по едно јајце, се меша убаво со рака, а потоа се додава екстрактот од ванила. На крајот постепено додавајте ги сувите состојки и сè убаво измешајте.

Ставете ја смесата во фрижидер најмалку два часа (можеби и преку ноќ) за добро да се стегне.

Извадете ја смесата со лажица и со раце обликувајте топчиња со големина на орев.

Топчињата се валкаат во шеќер во прав и се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Не треба да ги притискате, но внимавајте растојанието помеѓу топчињата да биде најмалку четири до пет сантиметри, бидејќи при печењето ќе се шират.

Се печат во загреана рерна на 180 степени (по можност со вентилатор) околу 10 до 12 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги малку да се изладат, па извадете ги од тавата и ставете ги на решетка да се изладат целосно.

Може да се ​​чуваат во затворена лимена кутија до 10 дена. Чоколадните колашиња се одлични со кафе, чај или варено вино.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена