Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Чувар куќа – прва помош при болки во уво, корисен за зајакнување на имунитетот

Објавено

на

Ако се прашувате што всушност е лековито во содржината на ова растение, одговорот е јаболковата и мравјата киселина што е во него.

Ова растение ја има најдено својата примена во народната медицина, а современите истражувања се фокусирани на полисахариди од сокот од собното растение, бидејќи тие се пропишани да делуваат на имунолошкиот систем, како и лекување на канцерогени заболувања.

Користење

Од серијата лековити ефекти што ги има чувар куќата, најпознато е дека станува збор за растение кое го елиминира вишокот маснотии од ушниот канал. Покрај тоа, сокот од лисјата е многу добар природен лек за болести и повреди на кожата, чиреви, исекотини и изгореници. Исто така, медицинскиот сок од ова растение се користи со години за отстранување на брадавиците, како и пеги од сонцето.

Чувар куќа има сличен ефект со алое вера, за која е познато дека благотворно делува разни заболувања на кожата.

Ова растение се смета за еден од најбезбедните природни лекови за широк спектар на кожни болести. Поради своите антиинфламаторни и антисептички ефекти, служи и како одлична прва помош при изгореници, убоди и каснувања, бидејќи овозможува брзо олеснување и смирување.

Најдобар природен лек за болки во увото

Чувар куќа е стар народен лек за болки во увото, повреди на ушното тапанче и губење на слухот. Неговиот сок раствора вишок смола и генерално ја намалува болката.

За да се лекувате со него, доволно е да исцедите 2 до 3 капки сок од листот во увото, да легнете некое време и по неколку минути да го оставите сокот да излезе од увото.

За зајакнување на телото и имунитетот

За да го зајакнете вашиот имунитет може да ги сомелете лисјата на ова растение, а потоа да ги истурите во пластичен сад и на крај да ги измешате со мед. Смесата се соединува добро со дрвена или пластична лажица. Потоа, смесата се истура во поголема тегла и се затвора. За да не дојде светлина, цела тегла се покрива добро со алуминиумска фолија. Теглата се остава пет дена да отстои во фрижидер.

Од шестиот ден, јадете по две пластични лажички од смесата на празен стомак и во следните дваесет минути, не јадете ништо друго, освен што можете да пиете вода.

Исто така, добро е да се јаден по еден лист од чувар куќата секој ден, на празен стомак, за здрав организам.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена