Поврзи се со нас

Македонија

Царина запленила лекови, цигари, накит, евра во обиди за шверц

Објавено

на

Во текот на изминатите два месеци, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, информираше Царинската управа.

Во продолжение листата со привремено задржани лекови, облека, накит и друго

Лекови

2.468 таблети (Coraspin, Novartis, Tensart Plus, Penalginе, Profenid, Etol Fort), 124 капсули (Lansor и Enfluvir) и 5 креми (Bengay Merhem), откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на косовски автомобил, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените лекови, пронајдени под возачкото седиште и во личниот багаж, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Облека, обувки и накит

1 рачен часовник, 23 парчиња накит (обетки, синџирче, прстени и нараквица), 14 пара обувки (чевли и чизми) и 9 јакни, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на британски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во две картонски кутии сместени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

– 254 парчиња облека, откриени во три одвоени случаи при контрола на три патнички возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Накит

– 53 парчиња женски накит (синџирчиња, белегзии, обетки, прстени, плочки и брош) и една кесичка со циркони, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот на британски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока

– 10 парчиња делови за автоперална (мотор, пумпа и држачи), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени помеѓу предните и задните седишта и во багажниот простор, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Хемиски препарати

– 760 литри концентрат за безконтактно миење (38 пластични туби), откриени при контрола на стока со потекло од Бугарија, наменета за увозник од Кочани, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Делчево-отсек за стоково царинење. Производите, кои не биле опфатени со увозната царинска декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари

– 28 штеки цигари EVA и Pall Mall, со македонски акцизни маркички, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на чекираниот багаж на српски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Малме. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Возила со бункери и регистарски таблички

– 1 патничко возило и 1 полуприколка со бункери, откриени во два одвоени случаи од мобилните царински тимови.

Во првиот случај, во соработка со Министерството за внатрешни работи, била извршена контрола на бугарски камион управуван од македонски државјанин. Притоа, во предниот дел на полуприколката бил откриен преграден дел погоден за криумчарење, кој во моментот на контролата бил празен.

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село, биле пронајдени три празни бункери, од кои два во подот под предните седишта  и еден во багажниот простор.

Полуприколката и автомобилот се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Девизи

– 17.000 британски фунти и 10.000 евра, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на куферот на  албански државјанин кој допатувал со лет од Лондон. Патникот пријавил дека со себе носи 50.000 фунти и 10.000 евра, но при контрола на неговиот куфер биле пронајдени 67.000 фунти и 20.000 евра. Пријавените 50.000 фунти и 10.000 евра му се вратени, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 60 мобилни телефони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје-оттсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Хонг Конг наменета за физичко лице од Косово. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, телефоните се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Часовници и пури

– 2 рачни часовници, марка HUBLOT CLASSIC FUSION  и Apple Watch, и 69 пури од марките TABACALERA PERDOMO, ASHTON и OLIVA,  откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на  македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови за велосипеди

– 63 делови за велосипеди (полначи за електрични велосипеди, пластични осовини, средни осовини и алуминиумски цевки), откриени при контрола на швајцарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 26 минути

Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд

Гостиварпред 2 часа

Приведена жена во Гостивар, одзела предмети од трговски објект

Гостиварпред 4 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 4 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 14 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 16 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 19 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена