Поврзи се со нас

Гостивар

Царовска апелира матурантите да се вратат на настава: Бојкотот е неоправдан, секој изгубен час треба да се надомести!

Објавено

на

Министерството за образование и матурантите се уште не најдоа заеднички јазик околу полагањето на државната матура. Дел од матурантите и натаму продолжуваат со бојкот на наставата, а МОН е дециден дека испитот треба да се полага според предвидениот концепт.

На состанок денес меѓу Министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта е донесен заклучок дека: МОН има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Mатурата, којашто е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат.

Според податоците на училиштата полагање на матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година, соопштија од Министерството.

„Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците. Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците што нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на два предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача.“, се вели во известувањето на МОН.

Министерството за образование апелираше до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, нагласувајќи дека тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје. „Бојкотот е неоправдан, а секој изгубен час според Закон треба да се надомести.“, порача Царовска.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена