Македонија
Царовска: Одлуките за онлајн настава го штитат здравјето, за бојкот ќе следуваат санкции
Министерството за образование и на наука истакнува дека непочитувањето на владините одлуки во време на пандемија директно го загрозува јавното здравје, а бојкот на онлајн наставата негативно ќе се одрази на развојот и едукацијата на децата. Министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бидат санкционирани непочитувањата на одлуката за онлајн настава во Дебар, рече дека одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат.
„Владините одлуки се во интерес на заштита на јавното здравје и секако дека ќе има санкции доколку не се почитуваат овие одлуки“, изјави Царовска.
Министерката најави дека ќе мора да се одработуваат часови на наставата поради нејзиното бојкотирање, доколку продолжи да се зголемува губењето на часовите.
„Засега се изгубени само два дена и тоа се првите класни часови и немаме целосен бојкот туку станува збор за поединечни случаи, но доколу се појават недостатоци, ќе разговараме со Бирото за развој на образованието за надоместување на овие часови во текот на летото.
МОН ги повика родителите, наставниците и учениците на максимална соработка и почитување на протоколите и мерките за заштита од пандемијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар