Поврзи се со нас

Гостивар

Царовска во Гостивар: Матурата ќе се полага како што е предвидено, испитот е законска обврска

Објавено

на

Министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета во Гостивар, изјави дека годинава нема да има промени во концептот на полагање на државна матура, и дека најголемиот дел од матурантите веќе се подготвуваат за испитот, кој како што рече е законска обврска.

“Концепцијата за матура е донесена на почетокот на годината и е иста со онаа претходно, имаше мали измени во однос на проектната задача и воведување на два изборни нови предмети географија и информатика, се со цел да ја приближиме концепцијата до учениците и врз основа на нивните барања. Но, исклучување на одредени предмети би ја нарушила целата концепција, која е важно да се имплементира во целост за запишувањето на факултетите, не само во нашата држава, туку и надвор од неа. Минатата година бевме негативен пример и нашата земја остана како изолирана, затоа што не овозможи полагање на матура. Многу наши ученици извисија од можноста да се запишат на одредени светски и европски универзитети. Токму затоа, ние сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели и своите соништа. Да нагласам дека матурата е законска обврска, заради тоа што значи заокружување на образовниот процес или добивање на димплома којашто понатаму важи и за продолжување на образованието, но и за вклучување во пазарот на трудот“, рече министерката.

Според Царовска досега, 15.000 матуранти се пријавиле за полагање матура.

За следната година планирано е да се имплементира нов, современ модел на државна матура, на чија концепција, како што најави министерката ќе работи посебна работна група во која ќе учествуваат и претставници на средношколците.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена