Новата Влада на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ ќе има 19 министри. Вчеравечер партиите на седници на највисоките партиски тела ги избраа кандидатите за министерските позиции.
Од СДСМ: претседател на Владата – Зоран Заев, потпретседател на Владата за борба против криминал и корупција, за одржлив развој и човечки ресурси – Љупчо Николовски, потпретседател на Владата за европски политики – Никола Димитров, потпретседател на Владата за економски политики – Фатмир Битиќи, министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, министерка за одбрана – Радмила Шеќеринска, министер за здравство – Венко Филипче, министерка за образование и наука – Мила Царовска, министер за транспорт и врски – Благој Бочварски, министерка за култура – Ирена Стефоска, министер за правда – Бојан Маричиќ и министерка за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска.
Од ДУИ: вицепремиер и министер за политички систем – Артан Груби ќе биде прв, министер за финансии – Фатмир Бесими, министер за надворешни работи – Бујар Османи, министер за економија – Крешник Бектеши за економија, министер за животната средина и просторно планирање – Насер Нуредини. ДУИ го има и Министерството за информатичко општество и администрација, за кое се уште нема предлог за министер.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води кадар на БЕСА, додека Министерството за локална самоуправа на ЛДП.