fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Целосно изгаснат пожарот над селото Галичник

Објавено

на

Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот, сите жаришта се згаснати, соопштија утрово од Месната заедница на Галичник во врска со големиот пожар кој вчера беснееше над селото.

„Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК. Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух.“, извести МЗ.

Од гостиварското одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, чија петчлена екипа од вчера била на терен во Галичник, исто така потврдија дека огнот е изгаснат.

Пожарот зафати борова шума на непристапен терен, а поради силниот ветар постоеше потенцијална опасност од проширување и до селото.

 

фото:МЗ Галичник

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!