Гостивар
Целосно подновени градинките во Гостивар – Инвестирани се над 145.000 евра
Детските градинки во Гостивар ќе ги дочекаат дечињата со променет изглед – нови креветчиња, маси, столчиња и друг инвентар, нова постелнина, опрема, книги, играчки. Инвестицијата е во вредност од околу 145 илјади евра, а ја обезбедени Општина Гостивар преку проект на Светска Банка и донатори.
Денес во посета на градинката „Пролет“ и на средба со раководството на установата, беше градоначалникот Арбен Таравари.
„Ова е втора поголема инвестиција што ја обезбедува општината за градинките. Лани со сопствени средства интервениравме во тоалетите и занималните. Овојпат преку Светска банка обезбеден е нов инвентар и елементи за во кујната. Навистина изгледа убаво и достоинствено за нашите деца. Со донација од 15.000 евра, исто така е вклучена и Невладината организација Сонце, а компании и поединци донираа и книги, па градинките ќе имаат и свои библиотеки“, изјави градоначалникот.
Директорката Мирјана Мицоска се заблагодари за инвестицијата, изразувајќи надеж дека децата што поскоро ќе се вратат во градинките.
„Со ова нашите градинки стануваат еден нов современ дом за децата кои се развиваат и растат тука. Се надевам дека уште многу дечиња ќе растат во овие простории. Моменталната ситуација со Ковид 19, спречи децата да доаѓаат во градинките и тие ни недостасуваат многу, сите ние искрено се надеваме дека што побрзо ќе се вратат во градинките“, рече Мицоска.
Јавните детски градинки во Гостивар и Центрите за ран детски развој згрижуваат околу 750 дечиња.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград