Македонија
Целта е пописот да заврши во предвидениот рок, од проценките на ДЗС ќе се носат одлуки за понатаму-изјави Маричиќ

„Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот. Наша цел е сите граѓани да се попишат и ниту еден да не остане непопишан“, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.
Информациите до денеска, како што посочи, се дека скоро 1,8 милиони граѓани се попишани.
– Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што се уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани, рече Маричиќ.
Додаде дека се во постојана комуникација со Заводот за статистика и врз основа на нивните проценки и информации ќе носат одлуки за понатаму.
– Наша цел е пописот да се заврши во законски предвидениот рок, доколку има било што друго навреме ќе ја известиме јавноста, заклучи Маричиќ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава