Вести
Цената на „црното злато“ падна на 28 долари – Светските резерви на нафта почнуваат да преливаат

Цените на нафтата повторно паднаа на меѓународните берзи на околу 28 американски долари за барел, иако се постигна договор за намалување на глобалното производство за 10 проценти.
На лондонскиот пазар цените на барелот паднаа за 1,18 долари од претходното затворање на 28,42 долари. Во Њујорк, барел се тргуваше за 19,68 долари.
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) навести дека побарувачката во април ќе падне на 29 милиони барели на ден, што е најниско ниво во последниве 25 години. ИЕА исто така напоменува дека никакво намалување на производството нема да може целосно да го компензира падот на побарувачката на пазарот.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), заедно со група на независни производители, вклучувајќи ја и Русија, одлучија заеднички да соработуваат со клучните производители, како што се Соединетите Американски Држави, постигнувајќи договор за на намалување на производството, кое требаше да се одрази врз падот на цената на нафтата.
Сериозен проблем во оваа индустрија се и огромните количини на нафта, кои се трупаат поради драстично намалената побарувачка, поради COVID-19 пандемијата.
„За само три или четири недели, светот нема да има каде да складира нафта, изјави сопственикот на една од најголемите нафтени компании“, Гунвор Торборн Торнквист.
Во моментов речиси и да нема места во магацините и танкерите. Трговците активно купуваат нафта на спот пазарот, бидејќи тоа чини помалку отколку фјучерс договорите. Ова им овозможува да генерираат дополнителни приходи – купената ефтина нафта подоцна ќе се препродава за поскапа цена со нешто задоцнета испорака.
Руските рафинери исто така алармираат дека за кратко време ќе нема каде да складираат, првиот потег е да изнајмат железнички танкери. Сепак, тоа нема да ги реши проблемите си складирање на „црното злато“, кое започнува се помалку да сјае, знаејќи дека од технички причини невозможно е да се запре производството.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година