Вести
Цената на гасот премина 2000 долари, Гаспром ќе ја сервисира и втората турбина од Северен тек 1

Цената на гасот во Европа денеска, првпат од почетокот на март, надмина 2.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Ова е во контекст на она што се случува со руските испораки преку гасоводот Северен тек 1.
Целокупното поскапување на гасот во Европа малку порано достигна 12 отсто на дневна основа, поради најавата на Гаспром за исклучување на уште еден мотор со гасна турбина на компресорската станица во Портоваја, поради редовен сервис.
Поради исклучување на уште една турбина, протокот на гас преку Северен тек 1 ќе ги преполови досегашните 40% кои се редуцирани поради сервисот на првата турбина, од сегашните 67 милиони кубни метри од 27 јули ќе се намали на 33 милиони кубни метри гас дневно.
Додека протокот на природен гас за западните земји од Русија секојдневно се намалува, Гаспром преку гасоводот „Моќта на Сибир 1“ рекордно го зголемува извозот на гас во Кина. Во првата половина од годинава овој руски гигант го зголеми извозот на гас во Кина во однос на истиот период лани – за 63,4 отсто, а истовремено се гради и втор гасовод „Моќта на Сибир 2“.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја