Вести
Цените на гасот во Европа на најниско ниво во последните 18 месеци

Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра.
Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.
Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза.
Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително падна. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.
Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение