Поврзи се со нас

Македонија

Цените на лебот и брашното во 2023 ќе бидат стабилни, оценуваат мелничарите

Објавено

на

Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката и пекарската индустрија се борат со сите можни зголемени трошоци за производство преку менаџирање на сопствените залихи на некој основен минимум, во очекување на намалени цени на пченицата што како услов би создало прилики за дополнителна стабилизација на цените и нивно намалување.

-Обезбедувањето струја по 80 евра за мегават час е правилна одлука што минусира еден негативен фактор поради кој се зголемуваат цените. Владата фактички спречи дополнителни зголемувања на малопродажните цени и ги намали за соодветниот трошок на електричната енергија, истакнува Малишиќ.

Според него, во изминативе денови, цените на берзите и се намалуваат и се зголемуваат, но генерално, се движат во истите рамки.

-Тоа ни дава за право да сметаме на стабилен период до следната жетва, и поради тој факт, стабилен период на цените на суровините, со што последнично нема да предизвика зголемување на малопродажните цени. Како што и се гледа во малопродажните објекти, цените на брашното и основниот леб се намалени од 5 до 10 отсто, во зависност од компанијата производител, нагласува претседателот на Групацијата.

Во нормални прилики, додава, се очекува по март цените на пченицата да одат во надолна линија со што се создаваат услови и за нормализирање на цените.

-Проблемот е што домашните и регионалните цени на пченицата се на исто ниво, дури и поголеми од светските берзи, што создаде негативни услови или услови на големо зголемување на цените. Изедначувањето на регионалните и светските цени се уште се одржува, но поради големите количини залиха на пченица во околните земји, се очекува во следниот период намалување кое ќе се одрази позитивно и за индустријата и за граѓаните, објаснува Малишиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена