Поврзи се со нас

Македонија

Цените на становите ќе имаат благ пад

Објавено

на

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад.

„Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад“, рече Ѓоргијев.

Ѓоргијев рече дека во моментот нема информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар, објаснувајќи ја процедурата за утврдување на цената.

-„Во овој момент немаме информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Знаете дека кај нас се утврдуваат од Бирото за судски вештачења, па одат во Влада, па потоа одат на јавен оглас каде што можат да се наддаваат за цената“, рече Ѓоргијев.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена