Поврзи се со нас

Гостивар

Центар „Персона“ во Гостивар со бесплатна психолошка поддршка на деца што доживеале трауми во пандемијата

Објавено

на

Мултиетничкиот Центар за психологија „Персона“ во Гостивар спроведува проект за бесплатна помош и поддршка на деца кои изгубиле блиска личност во периодот на ковид пандемијата. Психолозите сакаат да излезат во пресрет на дечињата кои доживеале трауми и да им помогнат во справувањето со тешките искуства.

„Пандемијата погоди многу семејства, а децата траумите ги чувствуваат најмногу. Затоа сакаме да им помогнеме и да им ја пружиме неопходната психолошка поддршка. Проектот е финансиран од донатор, кој сака да биде анонимен, едноставно целиме заедно да придонесеме за полесно надминување на кризите и траумите на тие деца кои изгубиле родител или некоја друга блиска личност“, рече психологот Блерита Мазлами.

Центарот е создаден од група млади психолози од Гостивар, а има мисија да придонесе за подобро ментално здравје, подигнување на свеста за психолошко советување, надминување на стравот и предрасудите околу барање стручна помош од ваков вид и слично.

„Ние сме мала мултиетничка група на психолози, која одлучи да ги спои силите, знаењата, способностите и професионализмот, за да дадеме максимум нашата заедница да биде што поздрава и напредна. Како здуржение имаме повеќе цели, но првенствено да ги осветиме луѓето кои имаат потреба од помош и поддршка дека може да ни затропаат на врата, и дека ние сме тука за нив. Освен психотерапија, работиме и со обуки за професионален развој, управување со стресот, едукација и слично“, кажа психологот Зана Мифтари Река.

Центарот за психологија Персона почна со работа во јули годинава, а денес во канцелариите коишто се наоѓаат во зграда зад Домот на културата организираше Отворен ден за да ја претстави својата работа пред граѓаните на Гостивар.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 2 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 4 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 6 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 6 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 8 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 9 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 10 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 12 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена