Македонија
Централниот одбор на СДСМ одлучи да го поддржи францускиот предлог

Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство.
– Водејќи се од државните и национални интереси, највисоките стратешки цели за членство во ЕУ како и интересите на сите граѓани, Централниот одбор на СДСМ на седница едногласно донесе Одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ, се наведува во партиското соопштенија.
Во текстот се посочува дека СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.
– Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури, посочуваат од најголемата владејачка партија.
Според СДСМ, во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание.
– Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи конечно затворање на сите идентитетски прашања. Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Сите политички партии треба да пристапат одговорно, државнички и рационално и заедно да ја донесеме долгоочекуваната државна одлука за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата, се додава во соопштението на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја