Поврзи се со нас

Македонија

Централно собрание на АА, избор на нови раководни тела и дискусија околу преговорите за влез во Влада

Објавено

на

Алијанса за Албанците денеска во Куманово ги избира новите раководни тела на партијата. Членството, претставниците на легитимно избраните тела ќе одлучат дали партијата ќе одбере да учествува во Владата или ќе продолжи како опозоција, изјави денеска пред почетокот на Централното собрание, претседателот на АА, Арбен Таравари кој беше избран за претседател на вонредниот конгрес на 24 декември лани.

На денешното Централно собрание, ќе се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството на Алијанса за Албанците.

-Секако ќе дискутираме и за тоа што на големо се зборува во јавноста. Дали вреди Алијанса за Албанците да преговара за влегување во Влада или воопшто не треба да се продолжат овие разговори, треба да се прекинат дефинитивно. Тука сме за да го слушнеме гласот на нашите претставници од сите легитимни ограноци на Алијанса за Албанците од сите делови на државата каде што функционираме како партија, изјави претседателот на Алијанса на Албанците.

Тој вели дека нема предлог за две министерски места, според пишувањата на медиумите за правда и здравство.

-Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни велевте предлог министри или не на министри, нема врска. Денеска првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија, вели Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања дали има конкретен предлог од претседателот на Владата, Димитар Ковачевки, лидерот на АА е дециден и вели дека нема и ако имало, ќе го презентирале.

Според него, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.

– Уште еднаш оти имаше обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ да им кажам кој политички фактор или која странска амбасада се вмеша Алијанса да биде во Владата. Јавно им кажувам нема право никој да се меша во Алијанса за Албанците, ниту меѓународен фактор, ниту внатрешен фактор, ниту надворешен фактор. Меѓутоа, ние сме имале комуникација со нив и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори, дека и ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во Влада ќе ги изгласаме уставните промени. Значи, нема таков фактор којшто може да влијае на Алијанса за Албанците за да биде одлучувачки. Ние имаме многу аргументи и факти што сме разговарале со повеќе и амбасади и други политички партија што ќе ги кажам пред Централното собрание за да дискутираме заедно, да одлучиме заедно. Видете, во некои моменти не е целта само доброто на партијата. Во одредени моменти битно е и процесот и обичниот граѓанин, тој што не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту Алијанса, ниту ДУИ, така што треба да донесеме одлуки коишто се битни за државата. Меѓутоа и за граѓаните коишто живеат во државата, вели Тараври.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

(Фото) Еве што најде полицијата во ординацијата на надрилекарот во Врапчиште

Македонијапред 4 часа

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Спортпред 5 часа

Алкараз физички не издржа, Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос

Гостиварпред 6 часа

Си товареле инвентар од обложувалница без да знае бизнис партнерот, приведени пет лица во Гостивар и еден во Тетово

Гостиварпред 7 часа

Од утре онлајн аплицирање за упис во средно

Гостиварпред 9 часа

Малолетник фатен со марихуана ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Гостиварпред 11 часа

Уапсен надрилекар во Врапчиште – Најдени апчиња, пари, медицински белешки во неговата лажна ординација

Гостиварпред 12 часа

Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена