Поврзи се со нас

Гостивар

Церемонија во Гостивар, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај стана „Почесен граѓанин“

Објавено

на

На свечена церемонија вчера попладне градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај официјално стана „Почесен граѓанин на Гостивар“ и по тој повод гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари му го врачи симболичниот „клуч на градот“.

„Jа имам привилегијата денес да го прогласам за почесен граѓанин синот што секоја мајка би посакала да го има, таткото што секое дете го заслужува, енергичниот и визионерски политичар, пријателот на Гостивар, градоначалникот на Тирана и од денес и почесен Гостиварец Ерион Велиај! Тој е исто толку Албанец по емпатија и едноставност, колку што е модерен западњак во визија и политика. Кога Нелсон Мандела го прашале што би направил за да го промени светот, легендарниот Африканец рекол: Би го променил образованието. Личноста за која станува збор е најдобриот пример за тоа. Го доби и најдоброто од албанското училиште и најдоброто од американското училиште, но пред сè, една од областите во која инсистираше постојано, беше да се подобри образованието и сите негови форми“, рече  Таравари.

На предлог Таравари, на 19-та седница на Советот на општината во февруари годинава, градоначалникот на Тирана  едногласно беше прогласен за почесен граѓанин на Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена