Гостивар
Цистерна се заглавила во снегот на патот Гостивар – Маврово

Камион цистерна со скопски регисатарски таблици се заглавила во снежен нанос на патот Гостивар – Маврово, на километар пред Бунец, информира СВР Тетово, чии екипи во моментов се на терен, на лице место. Сообраќајот на овој патен правец се одвива по една коловозна лента.
За случајот од ЦУК соопштија дека од Секторот за операции и координација се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец, за да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.
Инаку, поради снежните врнежи на овој пат од 12 и 40 часот денеска во сила е забрана за движење на тешки товарни возила.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград