Поврзи се со нас

Гостивар

Црната боја има се‘ – изложба на Мице Јанкуловски во Гостивар во чест на 50 години творештво

Објавено

на

Во во малата сала на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар денес беше отворена изложба на познатиот уметник и карикатурист Мице Јанкуловски Мицко. Изложбата се организира во рамки на одбележување на 50 години творештво на авторот. Карактеристично за Јанкуловски како ликовен уметник е што ја користи исклучиво црната боја.

„Ова е изложба на третата фаза од моето творештво, Форма 3. Неколку години ги баталив четките и боите и одлучив да сликам само со густа маса на црна боја, акрил или масло. Сфатив дека мене ме интересираше движењето, диманиката уште кога бев основно училиште и кога почнав да ги објавувам првите цртежи, илустрации во Остен. Тогаш почнав и да сликам, а не знаев што е уметност. После 50 години сфатив дека црната боја има се‘. Како што вели познатиот куратор, алфа и омега на Венецијанското биенале Енцо Ди Мартино, тоа е боја на сите бои“, вели Јанкуловски.

Чест е за Гостивар што може да ги види делата на Јанкуловски, рече професорот и академски сликар, Решат Амети.

„Тој е еден од најголемите уметници во Македонија, презентиран секаде во светот, добитник на многу награди. Еминентен уметник, специфичен, со посебен концепт. Неговите дела имаат една црна, монохрона гама. Но, темното и црното не значат лошо, туку повеќе нешто мистично“, рече Амети.

На отворањето на изложбата свое обраќање имаше директорот на Центарот за култура Ход Мифтари.

Мице Јанкуловски е уметник со специфична појава, препознатлив пристап, фасцинантни истражувања и оригинални резултати. Неговата уметност зрачи со хармонија, убавина, мир и сочувство. Таа е резултат на долгогодишното креативно истражување на уметникот. Забележително воздржани, далечни и тивки, делата носат длабокфилозофски поттекст, праќајќи ги визуелните пораки кон вечноста. Слободата, виртуозноста, како и целосното спојување на идејата, концептот, и резултатот, обично ги карактеризираат сликите на Јанкуловски. Тој е уметник кој ја вреднува со исклучително значење естетиката на визуелната перфекција на делото. Со доследна продукција и постојано потврдување на неговата уметничка појава, тој го потврдува своето место во светот на современата уметност. Неговите дела, од кои дел имаме можност да ги видиме денес кај нас, го дефинираат и го промовираат како воспоставен уметник со суптилна чувствителност, со своја автономна креативна територија што ја воведува публиката во простори, светови и димензии исполнети со уникатна уметничка аура.“, нагласи Мифтари.

Мице Јанкуловски е сликар и карикатурист. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои: Ел Греко награда за најдобар уметник, Лоренцо ил Мањифико награда за животно остварување, Награда Уметник на светот, Гран при на Меѓународното графичко биенале во Бугарија и други.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена