Свет
Црнилиште во Белград – „Гробарите“ се простија од Дејан Милојевиќ
На натпреварот помеѓу Партизан и Мега во рамките на 17. коло од АБА лигата беше соборен рекордот по посетеност на навивачи на еден натпревар во ова регионално Јадранско натпреварување.
Натпреварот меѓу овие два белградски клуба се одвиваше во сенка на споменот на неодамна починатиот кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ, кој почина минатата недела на 47-годишна возраст во САД од срцев удар.
DEJAN MILOJEVIĆ.🕊️🖤🤍#KKPartizan #ABALiga pic.twitter.com/CnAFMLmB40
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 22, 2024
Натпреварите започнаа со прикажување на краток филм за Дејан Милојевиќ, по што следеше неколкуминутен аплауз од навивачите во преполната „Штарк Арена“, а потоа и скандирање на името на поранешниот југословенски репрезентативец.
Милојевиќ во најславните денови настапуваше за црно-белите, а потоа осум години ја водеше Мега како главен тренер.
Пред почетокот на натпреварот се одржа едноминутно молчење, а присутни беа дури 23.021 навивачи, што е нов рекорд по посетеност на натпревар во АБА лигата.
Во првиот ред меѓу другите седнаа Душко Вујошевиќ, Вуле Авдаловиќ, Саша Павловиќ, Влада Јовановиќ, Лука Богдановиќ, Александар Рашиќ и Ратко Варда кои дојдоа да му оддадат почит на поранешниот играч на Партизан и тренер на Мега.
Претходниот рекорд го имаа и црно-белите навивачи кога лани го соборија во петтиот натпревар од плеј-офот против Црвена звезда (22.198).
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград