Македонија
Црвен Крст алармира за злоупотреба на името за донации за Турција и Сирија

Црвениот Крст денес извести за злоупотреби на социјалните мрежи со користење на името на организацијата. Во продолжение предупредувањето од Црвен Крст:
„На Инстаграм се појави профил под име crvenkrstbalkan. Таа организација не е дел од Црвениот крст, бидејќи никогаш не постел Црвен крст Балкан. Во секоја земја има само една организација на Црвен крст. Црвениот крст на Северна Македонија е членка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина која брои 192 земји и целата помош и поддршка за настраданите во Турција и Сирија ја реализира координирано и со насоки од Меѓународната Федерација и Црвената Турска Полумесечина.
Секој може да работи, да помогне на луѓето, но тоа да го прави во сопствeно име почитувајќи го интегритетот на секоја друга организација и без употреба и злоупотреба на логото и името на некоја друга организација како што во случајот е името на Црвениот крст. За овој случај на злоупотреба се информирани надлежните органи.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава