Поврзи се со нас

Гостивар

Црвен Крст Гостивар: Лицата со попречености да се пријават да добијат личен асистент

Објавено

на

Заинтересираните граѓани со попречености од гостиварското подрачје, да ја искористат можноста и да се пријават за да им се обезбеди личен асистент, апелираат од Општинската организација на Црвениот Крст во Гостивар. Организацијата е вклучена во програмата „Персонална асистенција на лица со попреченост ”, како провајдер на услуги. Неодамна заврши новиот круг на обуки за лични асистенти, кои успешно ги завршија девет кандидати и се стекнаа со сертификати. Тие им стојат на располагање да им помагаат во секојдневни активности и обврски на граѓаните со инвалидитет.

„Ова е навистина една убава можност, којашто треба да се искористи. Апелираме лицата со попречености, коишто имаат потреба од персонални асистенти да се пријават во Центарот за социјална работа. Лични асистенти во Гостивар година и половина веќе користат шест лица, а сега имаме нови девет обучени асистенти, кои се подготвени да им помагаат на граѓаните што ќе се пријават“, рече Мелита Алили, секретар на гостиварскиот Црвен Крст.

Програмата „Персонална асистенција на лица со попреченост ” ја реализира  Министерството за труд и социјала, во соработка со Агенцијата за вработување.

Целта е да се овозможи, независно и самостојно живеење на граѓаните со инвалидитет, како и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството.  Од друга страна им се дава можност на невработени лица, бесплатно да се стекнат со вештини и знаење за лични асистенти и потоа со ангажманот да добиваат месечен надоместок.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена