Поврзи се со нас

Гостивар

Црвен крст Гостивар со апел до излекуваните од COVID: Дарувајте крвна плазма, спасете живот!

Објавено

на

Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар упати апел за крводарување до граѓаните кои се избориле со COVID-19 да даруваат конвалесцентна плазма. Лицата кои се излекувани од  инфекцијата, во нивната крв имаат супстанци наречени антитела кои се способни да се борат со вирусот, затоа нивната плазма е драгоцена во борбата со коронавирусот, нагласуваат од организацијата.

Кој може да дарува конвалесцентна плазма?  

Лица оздравени од инфекција COVID-19 кои ги исполнуваат стандарните услови за дарување (да немаат акутна или хронична болест, да се на возраст од 18 до 65 години, телесна тежина над 55 килограми) и дополнителните критериуми:

  • да имаат документиран лабораторски доказ дека биле болни од COVID-19

  • позитивен PCR тест или позитивен тест за антитела

  • да се поминати најмалку 28 дена од последен симтом (или повеќе во зависност од клиничката слика).

Пред дарувањето се прават потребните испитувања, а самиот чин на дарување крв е вообичаен и безбеден според сите протоколи и мерки за заштита, секој може да спаси нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот КОВИД -19.

Крводарителите може да се обратат секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во Гостивар.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена