Спорт
Црвена Ѕвезда со експресни 3-0 ја освои шампионската титула во АБА лигата
Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се шампиони во АБА лигата, бидејќи во третиот натпревар од финалната серија го совладаа Партизан со резултат 82:76 (20:18, 22:20, 17:14, 23:24).
По двете победи на домашен терен, црвено-белите направија брејк и славеа како гости во „Белградска арена“, што беше доволно за да стигнат до седмата титулата во регионалното натпреварување со максимални 3:0 во серија.
Најефикасни во победничкиот тим беа Рокас Гедраитис и Лука Митровиќ со по 12 поени, додека Јаго дос Сантош ги следеше со 11 поени кој е прогласен за МВП на плејофот. Тој во текот на плејофот имаше просек од 11,7 поени, 4,43 асистенции и 3,14 скока по натпревар.
Во тимот на Партизан најдобар беше Алекса Аврамовиќ со 17 поени, Данило Андушиќ постигна 13, а Доузер и Матеус Поњитка постигнаа по осум.
На овој меч домашните беа без Џејмс Нанели, кој тренерот Жељко Обрадовиќ го остави во „цивилна облека“ по инцидентот во Арената и конфликтот со играчот на Ѕвезда, Стефан Лазаревиќ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија