Поврзи се со нас

Гостивар

ЦУК: Да се дозволи отстрел на премногу агресивни мечки

Објавено

на

    Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел на мечка на територија на Општина Маврово и Ростуше. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека станува збор за мечката која на 23 октомври нападна и повреди 76 годишник од Пласница.

    „Како Центар за управување со кризи, ние сме против убивање на мечките, но во случај на појава на опасната мечка, којашто не е спорно дека нападнала човек и за којашто постои опасност повторно да нападне човек, да убие човек или истиот тешко да го повреди, ние само ја придвижиме процедурата пред надлежните министерства“, рече Ангелов.

    Тој посочи дека отстрелот на мечката, иако е заштитена со закон, е во согласност со Законот за ловство, член 16 став 5.

    „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч во којшто спаѓа и мечката по претходно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Законот за заштита на природата во членот 23 став 2 е предвидено дека отстрел на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државна управа, надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа, надлежен за вршење од работите на работите од областа на заштита на природата“, потенцира Ангелов.

    Првиот човек на ЦУК рече дека во последните десетици години нема регистрирани напади од мечки, па затоа треба да се види дали оваа посочена мечка е нешто повеќе агресивна и треба да биде мета на отстрел.

    „Токму од оваа причина бараме МВР целосно да го расветли случајот бидејќи вчера лично зборував со возрасниот господин кој беше нападнат, беше преплашен, но сакаме да дознаеме што точно се случило и зошто нападнала. Можно е да била исплашена, ловен ден, се нашол на пат, таа го турнала и го гризнала за слабините, но не силно. Може се работи само за несреќен случај. Институциите ќе испитаат дали се работи за агресивна мечка“, рече Ангелов.

    Според директорот на ЦУК, жителите на Општина Маврово и Ростуше, сепак се навикнати на живот со мечките и генерално немаат проблеми.

    „Проблемот е кога неколку условно речено агресивни мечки, се охрабриле и доаѓаат да јадат во дворовите, каде има храна и мириса на храна во секоја куќа. И мириса на мечката која е изгладнета. Станува похрабра и подрска во доаѓањето во населените места“, рече Ангелов.

    На новинарско прашања за дислоцирање на мечките во другите делови од државата, Ангелов истакна дека тоа е чувствителна тема поради потенцијалната можност за вознемирување на жителите во новото место, како и дека не е едноставно да се носат овие големи животни.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 12 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 13 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 19 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 20 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 23 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена