Гостивар
ЦУК: Пронајдени планинарите по кои се трагаше кај Титов Врв, во акцијата повреден началникот на СВР Тетово

Пронајдени се планинарите по кои се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека се изгубиле во реонот на Титов Врв, а едниот паднал од карпа во провалија. За сега официјална информација за нивната состојба нема. Порталот МКД објави неофицијална информација дека планинарот кој паднал од карпа е мртов, додека другиот се здобил со повреди.
Она што е потврдено е дека во спасувачката акција бил повреден началникот на СВР Тетово Амир Далипи и тој е пренесен во болница.
-Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титов Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, стои во информацијата на фејсбук страницата на ЦУК.
Акцијата за спасување почна синоќа по добиен повик за итен случај на 112 откако едниот од планинарите паднал од карпа во провалија.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава