Гостивар
Цвеќе за полицајците на протестот во Гостивар против поскапувањето на струјата

Во Гостивар по шести пат се организираше протест против зголемувањето на цената на електричната енергија. Протестниот марш овојпат започна од пред објектот на ЕВН, преку булеварот „Браќа Ѓиноски“ до зградата на ЕЛЕМ, кадешто имаше обраќања и повторно беа прочитани барањата.
„Ние како гостиварци до сме плаќале и паушал фактури за електрична енергија, кои ни ги доставиле од ЕВН и не сме поднесувале жалби. Сме биле многу толерантни и во случаи кога поради висок напон на електрична енергија ни прегорувале апарати. Од Регулаторната комисија за енергетика не се воопшто сериозни и се потсмеваат со нас. Ние денес ги повторуваме барањата до РКЕ и Владата, да го сфатат ова посериозно и да седнеме да разговараме за да одлучиме како што е најдобро. Во спротивно, не ни преостанува ништо друго освен да пристапиме кон граѓанска непослушност!“, беше речено на протестот во организација на навивачката група Кастриоти.
Граѓаните бараат да се поништи одлуката за поскапа цена на струјата, истата да се намали, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика, да се укине монополот на дистрибуција и да се формира независен орган за квалитетот на услуги и поплаки на граѓаните од компаниите.
Симболично, на мирниот протест на полициските службеници кои го обезбедуваа објектот на ЕЛЕМ, им беа подарени цвеќиња.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!