Поврзи се со нас

Гостивар

Д-р Максимоска: Дијабетот е „тивок убиец“, намалете ги ризиците

Објавено

на

     

    „Долготрајно зголемените нивоа на шеќер во крвта практично не се чувствуваат, но предизвикуваат големи оштетувања, пред сѐ, на крвните садови ‒ компликации и намалување на квалитетот и должината на животот. Денес е 14 ноември, Светски ден на дијабетесот и нашата цел со денешнава панел дискусија е насочена кон зголемување на свеста за намалување на ризик факторите и одложување на појавата на дијабетес како и превземање на превентивни мерки за намалување на комликациите кај пациетите со дијабетес.“, порача на панел дискусијата што се одржа денес во Гостивар, д-р Слаѓана Максимоска, специјалист ендокринолог.

    Настанот го организираше Здружението „When in Trouble“ по повод Денот на борба против дијабетот.

    „Сакаме да го насочиме вниманието, да ја поткренеме свеста за да може превентивно да делуваме кај граѓаните, затоа што дијабетот е подмолна болест и ги напаѓа сите органи, а од друга страна со почитување на препораките на стручните медицински лица може превентивно да делуваме, и секој пациент може нормално да функционира и да живее“, рече претседателката на здружението, Билјана Беловинова.

    Стручните лица појаснуваат дека симптомите кај дијабетес тип 1 и тип 2 не се појавуваат со ист интензитет.

    „Имаме неколку типови на дијабет, тип 1 кој обично се јавува кај младите, тип 2 кај постари и гестациски којшто се јавува во втор или трет семестар од бременоста. Она што е важно да кажеме дека при дијабет тип 1 симптомите се јавуваат многу брзо и побрзо се поставува дијагнозата, додека кај дијабет тип 2 симптомите долго години може да бидат непрепознаени, и болеста да биде откриена при рутински контолри или кога ќе се јават компликации како мозочен или срцев удар. Најчестите симптоми се често мокрење, преголема жед, заматен вид, намалена концентрација. Кога зборуваме за превенција на дијабетесот, веднаш да кажеме дека не постои ефикасна превенција за дијабетес тип 1. Превентивните мерки се насочени кон превенција од дијабетесот тип 2. Прво и основно е да се внимава на исхраната, да се одржува нормална телесна тежина и да се применува редовна физичкa активност.“, подвлече д-р Максимоска потврдувајќи дека се‘ почесто има и случаи на бебиња со ризик од дијабет од самото раѓање, поради гестациски дијабет кај мајката:

    „Има пораст на бебиња кои се со ризик од дијабет поради гестациски дијабет. Гестациски значи дека мајката го немала претходно, се јавил во бременоста. Поради нездравиот начин на живот, лоша исхрана, намалена физичка активност имаме и зголемен број на пациентки со гестациски дијабет, кој потоа е ризик за бебето“.

    Пред почетокот на настанот присутните имаа можност бесплатно да измерат ниво на шеќер во крвта.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 11 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 12 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 17 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 19 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 21 час

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 1 ден

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена