Ширењето на коронавирусот во Гостивар зема голем замав. Секојдневно се евидентираат високи бројки на новозаразени, а се преполнуваат и болничките капацитети со пациенти на кои им е неопходна хоспитализација. На инфективното одделение нема слободни кревети, а пациенти се згрижуваат и во амбулантскиот дел, што е ризик за персоналот и граѓани кои се обраќаат за помош со други здравствени проблеми.
„Капацитетите се преполни, на одделението полни се сите 24 кревети, а веќе и во амбулантата вршиме прием и третман на пациенти. Со тоа и ние сме ставени во опасност, бидејќи друго е кога лежат во болничките соби на одделение каде имаат свои тоалети и не излегуваат. Друго е во амбулантскиот дел каде тоалетите се заеднички, сето тоа е ризик и за пациентите кои доѓаат со други болести.“, вели д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективно одделение во Гостивар.
За да се растовари инфективното одделение, во функција ќе се стави објектот на поранешна дијализа, а за прием на пациенти со ковид и дел од интерното одделение.
„Во поранешна дијализа планираме да почнеме со работа деновиве, утре, задутре и тој објект да биде наменет за сомнителни на ковид или за други пациенти, не мора да значи само за ковид позитивни. Понатака и еден дел од интерното одделение ќе се отвори за ковид случаи и тоа за пациенти во потешка состојба затоа што таму имаме централен кислород“, рече раковидителот на инфективно кој упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид за да придонесат во смирување на состојбата: „Ги молам граѓаните на Општина Гостивар, ќе ги споменам и Општина Маврово Ростуше и Врапчиште да ги почитуваат мерките, носење на маски, лична хигиена и дистанца. Во голем дел гледаме дека тоа не се почитува, особено младите и затоа дојдовме до оваа ситуација.“
Збирните податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека моментално активно болни на поширокото подрачје на Гостивар се 442 лица.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK