fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Д-р Наумоски за состојбата на инфективно во Гостивар каде има 14 пациенти со ковид

Објавено

на

Официјалните статистики покажуваат стабилизирање на состојбата со ширењето на вирусот, која последниот период особено беше ризична во регионот на Гостивар. Бројката на активно болни веќе падна на 93.

На инфективното одделение во гостиварската болница, моментално се згрижени 14 пациенти. За нивната здравствена состојба информира раководителот на одделението д-р Ратко Наумоски.

„Еден пациент е на кислородна поддршка и една пациентка која е со коморбидитети, дијабетес и паркинсонова болест, неподвижна е, исто така повремено е на кислородна поддршка, инаку е со добра сатурација. Останатите пациенти се во средно-тешка и лесна здравствена состојба“, изјави д-р  Наумоски.

Утрово два пациенти со негативни тестови, биле испишани од инфективното одделение.

Иако ширењето на заразата е смирено, лекарите нагласуваат дека вирусот се уште циркулира и граѓаните треба да ги следат мерките за заштита: носење маска, одржување растојание и редовна хигиена.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварскиот регион со ковид дијагностицирани се вкупно 856 лица. На државно ниво оваа бројка надмина 15.800 случаи.

Денес МЗ го евидентираше Гостивар со 2 нови случаи и 6 оздравени пациенти.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА:

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА ВО ЗЕМЈАВА?

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!