Гостивар
Д-р Османи од Итна служба во Гостивар: Граѓаните да не се лекуваат сами дома, навреме да бараат медицинска помош!
Алармантноста на ситуацијата со коронавирусот на гостиварското подрачје ја потврдуваат и од Итната медицинска помош на Здравствениот дом во Гостивар, каде бележат се повеќе пациенти со симптоми на ковид. Лекарите потенцираат дека граѓаните честопати се обидуваат сами да се лечат дома, а медицинска помош бараат дури откако тегобите ќе станат сериозни и загрозувачки.
„Состојбата е доста алармантна и голем е бројот на пациенти коишто пројавуваат некакви симптоми сомнителни на ковид. Она што загрижува е што има пациенти кои се кријат, се обидуваат сами да се лекуваат дома, а помош бараат дури кога многу ќе им се влоши состојбата. Би апелирала да не се прави тоа, не треба да се плашат или да се срамуваат да се обратат на матичните лекари кога ќе добијат некои симптоми. Се случува да затекнеме пациенти за кои после се утврдува дека имаат ковид, а тие со денови сами се лекувале дома без консултација со лекар. “, вели д-р Фларуше Османи, раководител на Итната медицинска служва во Гостивар.
Лекарите забележуваат и промена на симптомите кај пациентите. Освен тешкотии во дишењето, кашлање и висока температура во последно време се јавуваат и стомачни проблеми.
„Има и пациенти со дијареа, што може да е исто така предизвикано од ковид. Различни се симптомите, ние ги согледуваме сите околности, а потоа сите кои се сомнителни на ковид, се упатуваат на тестирање преку матичните лекари. Пациентите кои ги затекнуваме во полоша здравствена состојба, ги транспортираме на инфективното одделение.“, вели д-р Османи.
Последниот период дневно по 4 до 5 пациенти со симптоми кои укажуваат на коронавирус, се обраќаат во службата за Итна помош во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград