Гостивар
Д-р Османи советува како да се заштити видот на децата во време на онлајн настава?
Најголемиот дел од учениците во оваа учебна година наставата ја следат онлајн, што подразбира долг временски период поминат пред некој електронски уред.
За генерацијата која генерално е роб на технологијата, и учењето од далечина носи ризик за последици врз развојот и здравјето. Особено на удар се очите и видот.
Офталмолозите советуваат како родителите и децата може да ги спречат или ублажат несаканите влијанија.
„Најважно е децата да не остануваат предолго пред уредите. Факт е дека сега со онлајн учењето мора да поминуваат повеќе време пред компјутер, лап топ, телефон, но она што сакам да го дадам како совет е задолжително да се прават паузи. На секој еден час поминат пред електронски уред, детето да направи пауза од 10-тина минути и при тоа да гледа во далечина, повеќе од чест метри. Може преку прозор, од двор, зависно каде живее. Исто така, секој момент што може да се искористи за прошетка надвор, очите се одмораат на тој начин“, советува д-р Илир Османи, офталмолог и хирург.
Доктор Османи нагласува дека родителите задолжително треба да се обратат за медицинска консултација и помош, доколку забележат некакви проблеми со очите кај детето. Симптомите, вели тој може да бидат различни, затоа е важно да се изврши стручен преглед. „Родителите треба да побараат стручен совет и преглед ако децата премногу се доближуваат за да гледаат во телефонот, компјутерот, потоа може да се јави пецкање во очите, непријатност, па дури и болка“, вели офталмологот.
Истражувања во областа на употреба на електронските уреди кај децата и младите покажале дека над половината од нив, го имаат смарт телефонот при рака во секое време од денот. Уште попоразително е што голем дел заспиваат со телефоните уклучени онјалн покрај себе.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар