Гостивар
Д-р Угриновски во Гостивар: „Кој еднаш отишол на планина, секогаш ќе ѝ се враќа“

„За да ја засакаш планината и да стане дел од твојот живот, доволно е еднаш да отидеш. Кој еднаш отишол на планина, гарантирам дека секогаш ќе ѝ се враќа“, порача познатиот неврохирург проф. д-р Јовица Угриновски, претседател на Федерацијата на планинарски спортови, од состанокот што денес се одржа во Гостивар, на кој учествуваа претставници од Планинарските друштва.
„Како федерација сакаме да ги слушнеме искуствата и мислењата на планинарските друштва и ова се редовни средби кои за таа цел ги организираме, кон крајот на секоја година. Многу ми е драго што што во северозападниот регион на Македонија, односно во Тетово, Гостивар, Ростуше, Кичево, Дебар планинарските спортови и планинарењето стануваат се‘ попопуларни, особено кај младите, учениците. Планинарењето е релаксирачка активност што го подобрува и физичкото и менталното здравје. Тоа особено се покажа како многу потребно во време на карантинот, кога поголемиот дел од луѓето беа изолирани, а учениците одржуваа настава онлајн. Престојот во природа има големи здравствени придобивки. Што се однесува до спортската активност, тоа значи искачување на највисоките планини и искачување на сите планини низ различни континенти, со што Македонија може да се пофали во последните десетина години.“, подвлече Угриновски.
Состанокот се одржа во просториите на гостиварското основно училиште „Исмаил Ќемали“.
„Ми претставува голема чест и привилегија што сме домаќини на федерацијата на планинарски спортови и што денес како гостин го имаме проф.д-р Јовица Угриновски. За придобивките од планинарењето не мора многу да се зборува, тоа е познато, и во оваа прилика би ги повикала сите, особено младите што повеќе да бидат активни, да пешачат и да планинарат“, рече директорката на училиштето, Шпреса Усеини.
Во поздравниот говор, претседателот на гостиварското планинарско друштво „Шари“, Ќерим Абази изрази задоволство што имаат можност да се соберат на заедничка средба и да дискутираат за состојбите во областа во која делуваат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос