Поврзи се со нас

Гостивар

ДА или НЕ карантин за Гостивар – Таравари со дилема заради економските последици

Објавено

на

Откако почнаа да се зголемуваат бројките на заразени со коронавирус, граѓаните на Гостивар се погласно го поставуваат прашањето: Дали е потребно воведување на карантин?

Градоначалникот Арбен Таравари смета дека карантин ќе помогне во справување со вирусот, но не е за таква одлука заради економските последици.

„Бројките се очекувани. Мислам дека состојба во Македонија е надвор од контрола. Локалната власт нема никакви ингеренции, ние единствено што можеме да направиме е да советуваме граѓаните да се придржуваат на препораките. Како опозиција нон стоп сме укажувале на власта дека во борбата против ковид треба да се има стратегија. Но, сега стигнавме до состојба кога и да се има стратегија е веќе доцна. Дали сум за карантин?. Искрено ако ме прашувате како доктор би рекол веднаш да, нема дилеми. Карантинот веќе покажа добри резултати во Франција, Германија, но тие се јаки држави и можат да ги покријат загубите на економски план. Ние немаме некои државни резерви за такви намени. За Гостивар, се‘ уште имам морална дилема, дали да кажам дека треба карантин. Мора да се мисли дека има економски субјекти кои живеат од потрошувачите. Гостивар нема некои големи фабрики, луѓето живеат од кафуле, дуќан, од други бизниси каде работниците се на дневници. И замислете ако тие се затворат еден месец, тоа би било погубно. Затоа јас како градоначалник не можам да одлучам дека сигурно треба карантин, дилемата е единствено заради финансиската егзистенција на граѓаните, инаку како лекар пак ќе кажам, јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар.“, изјави градоначалникот.

Таравари додаде дека според официјалната статистика на МЗ Гостивар во земјава е во средина по број на заразени според број на жители и во долната третина по морталитет. „Во ниедна статистика не сме прва општина. Да, вчера по новозаразени бевме втори по Скопје, останатите денови бевме на 5,6 место, а Гостивар е и петти град по големина во државата, па бројките се очекувани.“, рече градоначалникот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена